Куба е најголемата островска земја во групата на Големите Антили. Таа од сите страни е опколена со водите на Атлантскиот Океан на исток, Мексиканскиот Залив на север и Карипското Море на југ. Куба има издолжен облик во правец исток-северозапад долг 1200 км со просечна широчина од 110км. Во овие граници таа зафаќа површина од 110 860 км². На тој простор денес живеат над 11 милиони жители.
Куба има поволна географска положба. Таа преку Флоридскиот Проток најмногу се доближува до САД, преку Јукатанскиот Канал до Мексико, а со протокот Виндвор до Хаити.
Во поглед на релјефот Куба е главно низинска земја. Единствена планина која се издига во јужниот дел е Сиера Маестра. Куба има тропска клима со постојани температури на воздухот од 25°С.
Хавана… тоа е град на страите автомобили, цигари, рум и специфичен начин на живот. Стариот дел од градот е најнаселен, а познат е по катедралата “Сан Кристоал”. Во текот на колонијалниот период кој тарел 400 години изградени се колонијални згради кои се најдоа на заштитната листа на Унеско.











