Убавина

Одлична форма за во лето

Да се постигне идеална форма за телото е полесно во лето отколку во било кое друго годишно време, затоа спојте го убавато со корисно.

Високите температури го намалуваат чувството за глад, но внимавајте навечер, ако ве обземе апетит.

Затоа во текот на денот јадете 4 – 5 пати лесни оброци, како овошје, зеленчук и диетални грицки, за навечер да не ви се отвори голем апетит. Така навечер исто постапете, јадете лубеница, праска или слично, а можете да вечерате и корн флекс. Овошјете и заленчукот нека бидат свежи и по можност да содржат витамини Ц и Е, а секако пијте и јогурт или млеко, односно млечни производи, а да не заборавите и секојдневно конзумирање на вода, и секако ако конзумирарте месо нека биде риба или пилешко.

За да задржите или намалите тежина покрај ваквото јадење, ако сте на море или покрај вода, задолжително пливајте, а додека пливате, вежбајте со нозете и рацете, нека биде вежбањето почесто во текот на денот. Ако немате можност за пливање, тогаш пешачете, неколку пати, а должината одредете ја сами според вашите можности.

Заедно, вежбањето и лесната и здрава храна секако ќе ви дадат видливи резултати.

Ако имате веќе темен исончан тен, дајте му сјај со некоја хидратантна крема, а со такав тен се прекrива и по некој недостаток на телото.

Напиши коментар