Убавина

Одлична природна маска за оштетена коса

Ако врвовите на косата Ви се суви и испукани, пробајте ситуацијата да ја поправите со оваа извонредна маска од рузмарин, камилица и кокосово масло…

Што е потребно за маската за оштетена коса ?

– 10 грама лисја од рузмарин

– 10 грама суви цветови од камилица

– 100 милилитри кокосово масло

Ситно насецкајте ги лисјата од рузмарин и цветовите од камилица и додајте ги во кокосовото масло. Сето тоа загрејте го на тивок оган и варете го 30 минути. Откако ќе се свари, оставете го да се олади. Потоа, ставете го во затворен сад и оставете го така да отстои седум дена. После седум дена, повторно загрејте ја смесата, за да ги отстраните парчињата од цветчиња и лисја.

Маската, со рака нанесете ја на темето и врвовите. Замотајте ја косата во пешкир и почекајте да отстои 30 минути. Ако имате долга коса, оваа количина ќе Ви биде доволна за едно нанесување, додека, ако имате пократка коса, ќе може да ја нанесете повеќе пати.

После 30 минути, маската извадете ја со тоа што косата темелно ќе ја измиете со вообичаен шампон, потоа нанесете балсам и на крај, косата измијте ја со јаболков оцет. Би било добро оваа маска да ја нанесувате еднаш седмично.

Напиши коментар