Убавина

Околу вградувањето силикони во градите…

Колку и да изгледаат убаво, големите гради во облик на импланти, може да бидат и штетни за Вашата естетска, но и здравствена состојба !

Ако размислувате да ставате имплланти, задолжително прочитајте го ова…

Може да се здебели ткивото на лузната

Кај секоја жена подлежи на операција за зголемување на градите, околу имплантите се појавува меко ткиво во вид на лузна  кое заштитува. Во некои случаи ова ткиво може да го „притиска“ имплантот и да довете до силни болки во градите.

Би можеле да имате проблеми со доење во идината

Зависно од видот на инзиција, кој хирургот го има направено за да го вгради имплантот,кај некои жени доаѓа до оштетување на млечните канали, поради што не можат да лачат млеко.

Градите би можеле да ви станат повеќе, или помалку, осетливи

Отоците на нервите после операцијата често ја менуваат чувствителноста околу брадавицата. Обично тие се опоравуваат во рок од шест месеци, со што чувствителноста се враќа во нормала. Меѓутоа, кај некои жени, чувствителноста никогаш не се враќа во поранешна состојба.

Можноста за тешко толкување на мамографски снимки

Кога ќе наполните 40 години Вашиот гинеколог ќе бара еднаш годишно да правите мамографски снимки. Бидејќи имплантите можат да го притиснат ткивото на градите, при мамографските снимки може да бидат детектирани извесни аномалии…

Сепак размислете уште еднаш, дали би останале задоволни со помали гради кои пропорционално Ви одговараат…или ќе се впуштите во огромен ризик ???

Напиши коментар