Дестинации

Олимпиското село во Лондон

Учесниците на Олимписките игри во Лондон ќе бидат сместени во Олимпиското село, во источниот дел на градот, кој располага со 2818 станови. Становите до скоро не беа познати за јавноста, а секој од нив е потполно опремен, вклучувајќи ги посебните кревети, кои би биле удобни и за највисоките кошаркари.

Исправноста и удобноста на становите се тестирани од  успешни британски спортисти. Олимпиското село, ќе биде домаќин на околу 17.000 учесници на Олимпијадата и 6000 учесници на Параолимписките игри. Освен неопходниот мебел, становите содржат и декоративни елементи – прекривачи за кревет, изработени со знакот на Олимписките игри, а на нив се испишани зборовите: „ храброст, одлучност, инспирација, пријателство, почитување“ “.

Во селото се наоѓаат повеќе од 16.000 кревети, 9.000 ормари и 11.000 каучи. Патеките се патеки, базенот – базен, како и да е најголем дел од времето спортистите ќе го поминуваат токму овде, а токму смештајот може да биде клучен за нивниот впечаток на Олимпијадата. Ништо не е оставено на случајност, сите детали се грижливо изработени. Становите не содржат кујни, и всушност самата замисла не е ова место да биде хотел со пет ѕвезди. На спортистите ќе им биде обезбеден превоз а во близина на селото се наоѓаат и банка, фризерски салон и неколку продавници. Свеченото отварање на Олимписките игри е закажано за 27 Јули, а како ќе изгледа местото во кое ќе престојуваат најголемите спортски ѕвезди, Ви прикажуваме во следнава компјутерска анимација…

Напиши коментар