Убавина

Омбре или прамени – Дилема со предности и негативности !!!

Време е за летна промена. Некако, Ви се допаѓаат традиционалните „ прамени“, но омбре изгледот, едноставно е ИН… За што да се одлучите ???

Омбре

Овој изглед го имаат испробано многу ѕвезди, како Дру Баромур, Рејчел Билсон, Џесика Бил и Хилари Даф. По правило, омбре изглед се постигнува, така што косата од темето спрема врвовите, се бои во посветли нијанси. Омбре е име превземено од францускиот јазик, а во превод значи сенчење или нијансирање.

ЗА ОМБРЕ– Доколку се одлучите за овој изглед:

Полесно ќе го одржувате бидејќи не бара чести посети на фризер

Омбре совршено го истакнува летниот „ сончан “ изглед

Омбре, можно е да се изведе во  различни бои и им прилега на сите тонови кожа

ПРОТИВ ОМБРЕ – Сепак внимавајте !!!

Ако не биде добро направен може да изгледа грдо

Ако косата Ви е оштетена, омбре може само да ја влоши ситуацијата

Шишките тешко се вклопуваат со омбре боја. Тие ќе бидат во еден, остатокот во друг тон.

Прамени

Прамените се одличен начин да го вратите „ животот “ на Вашата коса без да ја фарбате цела. Прамените даваат повеќе волумен, а на косата и даваат димензионалност.

ЗА ПРАМЕНИ – Доколку ги изберете прамените:

Посуптилни се, а на оние кои сакаат да експериментираат им пружат повеќе опции

Додаваат текстура и длабочина на природната боја, така косата ќе изледа поприродно, отколку ако ја офарбате цела.

ПРОТИВ ПРАМЕНИ – Внимавајте и со прамените:

Без оглед што не се нанесуваат на цела коса,  ја сушат

Темните израстоци бргу се појавуваат

Ако се изложите на базен или сонце, бојата може да се промени.

СЕГА ОДЛУЧЕТЕ !!!

Write A Comment