Мојата кујна

Омлет со компир

За вистинските љубители на омлетот…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 варени компири (200 грама)

Сол и бибер

Прстофат рузмарин

5 јајца

1 мал кромид

25 грама рендано сирење ( може и фета сирење)

30 милилитри млеко

5 големи лажици масло за јадење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Кромидот исечкајте го што е можно поситно. Излупениот компир изрендајте го. Јајцата измешајте ги со млекото и посолете. Потоа додадете го сирењето, компирот и убаво измешајте. Зачините по вкус.

Во средно голем загреан тиган за пржење запржете го кромидот на умерена температура. Откако кромидот ќе добие фина слаткаста боја додадете ја смесата од јајца и пржете 10минути.

Служете со гарнир по желба.

Уживајте во вкусот!!!

Напиши коментар