Здраво тело

Оптимизмот го чува срцето?

Жените со добра општа здравствена состојба, кои често имаат чувство на безнадежност, често имаат и наслаги во артериите кои може да предизвикаат и мозочен удар, а се верува дека се изложени и на повеќе срцеви заболувања.

Многу студии депресијата ја довеле во врска со срцевите болести, а некои пак укажале дека оптимизмот претставува превенција во борбата со овие болести.

Експертите од Универзитетот во Минесота, кои направиле истражување само со жени кои се чувствуваат безнадежни, а учествувале 559 жени со просечна старост од 50 години.

Се утврдило дека кај нив артериите се подебели  за околу 0,02 милиметри. Тоа е медицински значајна разлика ако се земат предвид и другите ризични фактори, како година, раса, приходи и друго.

Главниот истражувач др. Сузан Еверсон Роуз исталнала дека се потребни дополнителни истражувања со кои ќе се откријат како психолошките промени кај жените влијаат за организмот.

Во секој случај, жените кои подлго време се чувстуваат безнадежно, песимислтички размислуваат за остварувањето на нивните цели и желби, треба да знаат дека тоа лошо делува на нивното физичко здравје и дека треба да побараат помош, истакнала др. Емили Роуз.

Напиши коментар