Мојата кујна

Орасници

Ова се вкусни суви колачиња кои одлично одат со една шолја вкусно кафе

Потребни состојки:

–      200 гр сецкани ореви

–      200 гр мелени ореви

–      200 гр шеќер

–      4 белки од големи јајца

–      сок од еден лимон

Подготовка:

Изматете цврст снег од белките, па додајте го лимоновиот сок, шеќерот и мелените ореви. Да напоменеме дека смесата треба да ја матите со миксер, и на пареа. Оставете смесата нека се излади, па на плех за печење на кој ставивте хартија за печење формирајте полумесечинки кои ќе ги извалкате во исецканите ореви.

Печете на 150 степени околу 20 минути. По потреба намалете ја температурата. Ако сакате кога ќе се изладат може краевите да ги потопите во растопена чоколада.

Напиши коментар