Здраво тело

Оревите и рибата ги ублажуваат симптомите на ПМС

Бразилските научници излегоа во јавноста со најновите заклучоци од своите истражувања кои велат дека исхраната богата со масни киселини ги ублажува предменструалните симптоми.

Во нивниот извештај стои дека жената секојдневно треба да внесува по само еден грам мешавина од масни киселини за да полесно го препроди предменструалниот циклус, поточно симптомите кои тој ги има.

Нажалост, нашето тело не може да ја произведе доволната количина на овие масни киселини, па ние треба да ја внесеме со исхраната. Но, тоа веќе не е проблем кога знаеме каде ги има. Она што треба да јадете е ореви и останати јаткасти плодови, јајца, риба, билни масла… Кога би ги имале во минимална количина секојдневно повеќе нема да имате проблеми со пмс.

Напиши коментар