Здраво тело

Оревот е одлична замена за месо !!!

Иако звучи неверојатно, оревот покрај сојата е идеалната намирница која во целост може да го замени консумирањето на месо.

Оревите пред  се многу здрави и се посебно се корисни за кардиоваскуларниот систем, поради богатството на омега 3 масни киселини, со витамини и минерали, а со оглед на калоричноста, тие се и извор на енергија. Помагаат за јакнење на кожата, косата и ноктите, ја подобруваат концентрацијата и меморијата и го зголемуваат либидото.

Оревите се богати со магнезиум (130 mg. на 100 gr.), што е третина од дневните потреби за магнезиум. Оревите допринесуваат за стабилизирање на нервниот систем. Се препорачува да јадеме по пет крупни ореви, три пати неделно.

Во споредба со сојата која се состои од 34 проценти протеини, оревите  содржат 23 проценти.

Како извор на минерали, витамини и протеини сто грама ореви можат да заменат 115 грама месо или 4 јајца.

Оревите се богати со незаситени масни киселини. Затоа тие се препорачуваат во секојдневната исхрана, а посебно им се препорачуваат на трудниците. Повеќе од 60% од овој плод се всушност масти.

Како и на другите јатчести плодови, така и на оревите мана им е единствено калоричноста.

Една шољичка ореви (117g) има 765 калории, 76g масти, 18g протеини, 16g јагленохидрати и 8g растителни влакна. Богати се со витамин Ц и Е, со калциум, магнезиум и железо.

Напиши коментар