Art & Crafts

Оргинален накит од старо миленце

Верувам дека сите вие имате по дома барем едно миленце наследено од вашите баби или мајки. Ако веќе мислите дека е време да го тргнете од телевизорот и да му најдете друга примена, еве го вистинското решение.

Од старото миленце можете да направите доста интересен накит со омбре ефект.

Потребни материјали: миленце, штирак, бои за текстил. Најпрво се сечат форми по рабовите со цел да извадите парче од миленцето што ќе одговара за целта – дали ќе бидат обетки, огрлица и сл. Следниот чекор е да го потопите во боја за текстил но не сосема. На крај потопете го во штирак за да добие цврстина. Со помош на игла и конец ќе го сошите на синџирчето.

Инструкции:

 

Напиши коментар