← НАЗАД НА БОЗА

Ориентална шминка

Ориентална шминка
2501 Читања

Најдобар начин за трансформација со помош на шминка, е ориенталниот стил кој претставува еден од најелегантните и најраспространетите стилови низ светот. Ориенталниот мејкап го потпомага атрактивниот и женствен изглед, бидејќи најдобро ги истакнува цртите на лицето, а посебно очите.

Ви претставуваме упатство за ориентални трансформации.

Само 5 чекори , како да станете ориентална жена!!!

1.    Избор на ориентални бои

Во Арапскиот мајкап, предност се дава на блескавите перформанси и мат или бисерните сенки. Вистинската арапска страст се штрасовите и ланците, кои не се користат само во мејкапот, туку се и додаток за косата и на облеката.

За да се истакнат очите потребно е да се најде вистинската ориентална боја. Доколку имате кафена или црна боја на очите, идеално ќе ви одговара светло сина, сина шминка,  црвена, жолта или зелена боја. Ако вашите очи се посветли(од светло сина до водено-зелена), изберете ги следниве нијанси: песок-златна, сива, виолетова или розева.

Не заборавајте дека овие бои можат да се комбинираат а да се нанесуваат и засебно, но неизоставна со нив е црната боја.

2.    Линија околу очите

Главниот акцент на ориенталниот мејкап е линијата на очите. Истакнете ги очите со туш и со сенки, низ целата должина на горниот капак и ред пониско од трепките. Линијата на тушот  можете да ја исцртате така да ви делува како природен продолжеток на линијата на вашето око, или да креирате нова мека линија одвоена од очите. Сенките се применуваат во зависност од изборот, но најчесто се во неколку нијанси, за да иницираат гламурозен изглед. На крајот се нанесува маскарата: се нанесува во неколку слоја, на горните трепки, а на долните само еден.

3.    Совршени веѓи

Убавите веѓи, се многу битни за арапската шминка и се цртаат со молив за да го подигнат ликот. Ако се со правилен облик, се исчупува вишокот на влакненца, но во смерот на растењето за да не израснуваат.

4.    Нагласен убав тен

Ориенталното шминкање подразбира нанесување на пудра, за лицето да изгледа безпрекорно. Прв чекор е добра подлога, која одговара на тенот на лицето. Во арапската шминка, за руменило се користат светли бои за да се нагласи тенот.

5.    Ориентален кармин

Фокусот на арапската шминка се очите, а усните треба да бидат во втор план, па затоа се користат меки и нежни тонови. Малку посветла нијанса од онаа на усните или мат ќе изгледа природно, сјајно, но сепак сензуално.

Магијата на ориенталниот изглед не е само во нагласените очи и беспрекорниот мејкап, туку и во долгата коса, беспрекорниот маникир, добро избран накит, поготово за раце, како и добар парфем. Сето ова, ќе направи да изгледате атрактивно, заносно, заводливо и на тој начин да создадете слика на источна убавина и единствен шарм…

Уживајте….

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk