Art & Crafts

Оригами сијалички – совршени за летната ноќ !!!

Доколку сакате идеја за нешто поинакво од обичните сијалички, се наоѓате на вистинското место…

Се што ви треба е низа со сијалички и хартија, од која ќе направите интересни оригами . За оригамите, ќе Ви помогнат следниве фотографии, а летната ноќ ќе блесне, благодарение на Вашата оригинална изработка.

1. Ливчето, свиткајте го дијагонално

2.Повторно свиткајте го дијагонално, на спротивната страна

3.Свиткајте го ливчето на половина

4.И повторно, на половина. Веќе, би требало да го имате свиткано четири пати

5.Фатете ги сите краеви заедно, така што, ќе ја добиете следнава форма. Не откажувајте се ако не можете, обидете се повторно…

6.Изгледот на оригамито треба да биде како на сликава

7.Потоа, свиткајте ги сите агли кон средината

8.Оригамито треба да изгледа како на сликава

9. Свиткајте ги сите четири агли кон средината

10.Олабавете ги четирите агли и свиткајте ги кон нивните „ џебови “

11.На еден од краевите, треба да има дупка како на сликава.

12.Дувнете во дупката и закачете ги оригамите за низата од сијалички

Имајте прекрасна и романтична вечер !!!

Напиши коментар