Здраво тело

Ориганото е непресушен извор на антиоксиданси

Ако ја сакате италијанската храна, ова е одлична вест за вас. Ориганото е вкусен зачин кој му дава посебен шмек на јадењето, но при тоа ви дава и огромна доза на антиоксиданси. Оваа билка содржи и бакар, ниацин, бета каротен, како и други хранливи состојки.

Истражувањата покажаа дека ориганото е 42 пати побогато со антиоксиданси од јаболкото, а 12 пати од портокалот.

Состојките на ориганото ги спречуваат срцевите заболувања, предвременото стареење, и штити од ќелиите на ракот.

Ориганото е одличен за третманот против астмата.

Напиши коментар