Sweet Home

Ортопедски софи кои се трансформираат во кревети

Елеганцијата која ја овозможуваат софите, во последно време е искажана во повеќе можни облици. Просторната слика, естетското решение и удобноста се само неколку предности на сé позастапениот мебел.

Меѓутоа, сакаме да ви претставиме проект, кој ќе биде магично решение за оние кои би сакале да го искористат максимумот од софите. Moldeni&C е главниот „виновник“ за ова фантастично издание на софи кое за неколку чекори се претвора во кревет. Базата е поделена на две нивоа кои преку влечење, за момент софата ја претвораат во удобен кревет.

Она што посебно ќе го привлече Вашето внимание се ортопедските душеци, лесната можност за трансформација, убавиот изглед но и практичноста. Ова парче мебел не зафаќа многу простор така што ќе бидете презадоволни од целокупната негова намена.

Напиши коментар