ШоуБиз

Оскаровците не се најсимнувани филмови!

Овој интересен факт најверојатно ќе изненади многу љубители на филмот. Имено, сајтот „TorrentFreak“ ја следел ситуацијата на симнување филмови и ги поврзал добиените резултати со периодот на доделувањето на Оскарите.

Иако луѓето веќе неколку недели од напред знаат кои филмови се номинирани за Оскар, не ги симнуваат. Иако сите го мислат спротивното, сепак, најмногу симнувани се филмовите кои не се номинирани за филсмки награди.

За време на оскаровската недела најсимнуван бил филмот „Tower Heist“ со Бен Стилер и Еди Марфи. Номинацијата за Оскар донекаде му помогнала во популарноста на филмот „Хуго“ во режија на Мартин Скорсезе.

Напиши коментар