Убавина

Ослабете додека сте на работа

Ви претставуваме неколку вежби кои се погодни за во канцеларија, а кои ќе ви помогнат да ослабнете и да останете во форма.

Подигнувајте ги колената: Може да трошите калории дури и ако седите цело време. Подигнувајте ги наизменично колената неколку сантиметри над поот и затегнете ги мускулите. Вежбајте по 10тина минути на секој час.

Стегајте ги стомачните мускули: Стомачните мускули може да ги тренирате и додека седите и додека стоите, а најдобро од се е што никој нема ни да знае дека вежбате. Стегајте и опуштајте ги мускулите во интервали од по неколку секунди.

Одете додека зборувате на телефон: Позитивната страна на телефонските повици е што може да ги искористите да станете и да прошетате, а со тоа да согорите додатни калории.

Џвакајте мастика: Освен што ги активира мускулите на вилицата, мастиката ќе ве спречи да грицкате, а според некои истражувања, ја подобрува и концентрацијата.

Носете потпетици: Иако носењето потпетици не е баш најпрепорачливо за рбетот, тоа ќе ви помогне да ги затегнете листовите на нозете и да потрошите повеќе калории додека одите.

Често станувајте: Кога и да имате прилика да станете, искористете ја. На тој начин ќе се истегнете и размрдате и ќе ја подобрите циркулацијата.

Напиши коментар