Убавина

Ослободете се од брчките на природен начин

Освен скапите креми и препарати, појавата на брчки може да ја спречите и намалите козметични третмани направени од храна.

Белки од јајце: Изматете две белки и пената нанесете ја околу очните капаци. Измасирајте се и оставете да отстои 30тина минути, па исплакнете го лицето со ладна вода.

Кокосово масло: Кокосовото масло е одлично за враќање на еластичноста на кожата. Помешајте 3 лажици кокосово масло со 1 лажица масло со витамин Е, па нанесете ја смесата на лицето пред спиење. Кожата ќе се регенерира во текот на ноќта.

Ананас: Ова тропско овошје содржи ензими кои на кожата и даваат влажност и ги отстрануваат изумрените клетки. Ставете парчиња ананас на лицето и оставете ги да остојат 15тина минути.

Лимон: Киселината од лимоновиот сок ги „пегла“ брчките така што ги уништува мртвите клетки на површинскиот слој на кожата. Мала количина лимонов сок ќе ја омекне кожата и ќе ги исуши акните.

Семки од тиква: Богати се со витамин Е кој го потикнува создавањето на колаген. Изгмечете една рака семки и во смесата додадете лажица маслиново масло. Маската нанесете ја на лицето и оставете ја да отстои 20тина минути, па исплакнете со ладна вода.

Зелена јаболка: Сокот од зелена јаболка е богат со акнтиоксиданси и витамини. Измиксајте една сецкана зелена јаболка со две лажици мед и 1 лажица јогурт и нанесете ја маската на лицето, па оставете ја да делува 20 минути и исплакнете со ладна вода. Вашата кожа по третманот ќе биде мазна и освежена.

Напиши коментар