Убавина

Ослободете се од целулитот со правилно дишење

Дали знаевте дека со правилно дишење може да се ослободите од многу штетни состојки, токсини, помеѓу кои е и целулитот?

Длабокото дишење на нашето тело му внесува голема количина на кислород, кој овозможува согорување на голема количина на токсини и штетни состојки. Зголемениот кислород ја прочистува крвта, ја забрзува циркулацијата, а со тоа и разградувањето на целулитот.

Дишењето е еден облик на прехрана за нашиот организам. Јогата е вистинскиот спас за вистински да научите како да дишите и како да го истегнете телото. На тој начин ќе го освежите телото, ќе ја прочистите крвта, и ќе се наполните со енергија.

Ставете ги рацете на градите и потполно издишете. Полека вдишете низ нос додека не почувствувате дека градите ви се полни со воздух. При тоа бројте до пет. Задржете пет секунди и испуштете го воздухот. Повторете следниот пат броеќи до десет.

Истегнувајте се додека го правите ова. Доколку ова го правите секој ден, секое утро вие сте на добар пат да се ослободите од сите токсини, а воедно и да го олесните процесот на елиминација на целулитот.

Напиши коментар