Години по ред не учеле дека скромноста го краси човекот. И така остануваме во сенката на оние што воопште не размислуваат дали се скромни или не – едноставно оделе напред со желбата да бидат забележани и успеале во тоа.

Не е важно колку умен и способен си ако немаш храброст да станеш и да докажеш. Така се раѓаат аутсајдерите. Толку многу празни и неталентирани луѓе успеваат да постигнат нешто само затоа што вистински способните и паметните глупаво го отстапиле своето право на глас и постоење.

Во животот често се случува така, имено луѓето на кои некогаш си им ја пишувал домашната, денес да бидат твоите шефови.  А ти верен на долгогодишното убедување продолжуваш да ја поднесуваш јавната неправда и најмногу што ќе направиш е внатрешен бунт во себе.  Во твојата глава нема место за вистински бунт, зошто длабоко си заробен во замката на сопствените комплекси што речиси те задушуваат и носат само болка.

Толку е силна што би требало да те натера да кажеш – „По ѓаволите! Тој го живее мојот живот!“ И повторно, како и за се во животот имаш два начини, едниот е да наведнееш глава под гилотината на своето погрешно мислење и воспитување, а другиот избор е конечно да прогледаш. Никој не може да те лиши од она што ти припаѓа, освен самиот ти.

Напиши коментар