Ви прикажуваме неколку додатоци кои ја надополнуваат пролетната комбинација за совршен стајлинг.
Торба – Потребни ви се барем две основни торби за да ви биде стајлингот задоволен, барем најосновно. Одберете торби од висококвалитетен материјал. Обратете внимание на дизајнот – што е поедноставна, повеќе ќе се вклопува во вашите разновидни комбинации.
Марама – Можат да се носат на разни начини. Околку вратот, околу струкот, како ремен, а и да ја украсите вашата торба.
Обувки – Добрите обувки ќе направат да се чувствувате по самоуверено. Не мора да купувате чевли од познати марки. Обрнете внимание на стабилноста и на дизајнот. Доколку пешачите полната пета и рамните обувки се идеално решение.
Часовник – Часовникот пред се се карактеизира со практичност, можете еднаш да си купите поскап часовник, и да ви го обележува статусот, но можете да купите и поефтин, и одвреме на време да си купите друг, различен.
Накит – Поголемиот број на бижутерија ќе дополни во вашата уникатност, опуштен и младешки изглед.
Додатоци за коса – Украсите додаваат нота на елеганција во стилот. Можете да ставите венче, шноли, интересен стегач или марама на вашата коса.
Очила – Доколку сакате да изгледате посебно – носете очила за сонце. Одговараат на повеќе стилови.
Ремен – Улогата на ременот често се потценува, но може и да го промени акцентот на целата тоалета. Купете најмалку 2 – светол и темен. Изберете ги оние со пооткачен дизајн.