Прекрасна есенска колекција на брендот Belstaff Resort 2013 што ќе ни послужи како пример за да ги објасниме новите есенски тенденции. Како што можете да видите боите се во смирената гама и пред се кафејаво-кремави комбинации и црно-сиви, односно типичните бои за оваа модна сезона. И да не заборавиме да споменеме дека силуетата е максимално упростена со чисти линии кои го обликуваат женското тело во стилот на строгата женска елеганција.

















