Убавина

Основните есенски бои за вашиот маникир

Нема револуционерна есенска тенденција и боите како и минатата есен се претежно во темната палета бои, каде преовладуваат темно црвената, трула вишна и бордо. Сите нијанси на кафеавата и кремавата, белата и беж боја.

Освен традиционалните есенски бои повторно ги среќаваме авангардните како на пример црната, петролеј сината, темно зелената, графит сивата и темните вариации на виолетовата.

Во однос на должината ноктите е најдобро да се кратки или средно долги. Вештачките долги нокти се аут, а оформувањето е коцкасто или заоблено, што подеднакво се актуелни. Еве како изгледаше маникирот од последните есенски модни ревии на познатите дизајнерски куќи:

 

 

Напиши коментар