Дестинации

Островската држава Гренада – убавина во огромни размери !!!

Гренада е островска држава која се наоѓа на југоисточниот дел на Карипското море: северно од Тринидад и Тобаго и јужно од Св. Винсент и Гренадин.

Она што е интересно за овој преубав предел, е неговата историја. Први жители на Гренада, биле припадници на карипските народи. После Колумбовото откритие, почнува населувањето на Британците, а нешто подоцна и на Французите, кои од домородците го купуваат островот во 1650 година. Во 1783 година, повторно ре препуштен на Британците и останува нивна колонија до 1974 година. Гренада и денес припаѓа на заедницата Комонвелт…

Економски гледано, проширено е производството на зачини: цимет, ѓумбир, мушкатно оревче. Во поново време, залет земаат и трговијата и туризмот.

Околу 80% од жителите се потомци на африкански робови, кои ги донеле Европјаните. Остатокот го сочинува карипското население. Речиси целото население говори на Англиски јазик. Најраширена вера е Христијанството: половина од населението се Католици, половина Православни. Од Протестантите, најбројни се Англиканците.

 

Напиши коментар