Sweet Home

Освежете го домот со ментол зелена боја

 

Ментол зелената боја е апсолутен хит оваа сезона пролет-лето. Сите бутици се преплавени со парчиња облека во оваа боја. Но, трендот не се однесува само на облеката.

Ментол зелената боја може да ја употребите и при уредувањето на вашиот дом. Со неа ќе постигнете нeверојатно освежување на целиот простор. Се препорачува да ја има во детали, доколку сакате да го избегнете ефектот на преголема впечатливост. Доволно е да офарбате дел од ѕидовите, да купите перничиња со оваа боја, вазни, лампи, тепих или мали стази, уметнички слики или рамки за слики…

Имате голем избор, а на вас останува само да се одлучите и да направите мала, но сепак голема промена за домот.

Напиши коментар