Убавина

Освежете го лицето со маска од праски

Праските веќе долго време се присутни во светот на козметиката поради својот состав богат со есенцијални супстанции неопходни за нормална функција на кожата. Сигурно сте виделе многу кремови со екстракт од праска или такви кои содржат масло од семката на плодот. Но пак во домашни услови можете да ги искористите подеднакво полезните ефекти на праската и да приготвите едноставна и брза маска.

Ако кожата ви е сува, маската се приготвува од пире од праска (свежа), на што се додава лажица масло од бадеми или друго масло по избор. За мрсна кожа наместо масло ќе додадете белка од јајце.

Ако кожата ви изгледа уморна и бледа, тогаш пригответе маска од пире од праски на што ќе додадете кисело млеко или уште подобро павлака.

Без разлика која варијанта ќе ја изберете, процедурата е иста. Смесата се нанесува на лицето, вратот и деколтето и се остава да делува 30 минути после што се измива со млака вода.

Write A Comment