Убавина

Освежете ја кожата со маска од јагоди

Во текот на летото нема да ви е тешко да најдете сочни и ароматни горски или градинарски јагоди.

Не пропуштајте ја оваа шанса да ја освежите кожата на лицето бидејќи јагодите ја хидратираат, хранат, чистат и подмладуваат кожата.

Маската се приготвува брзо и лесно. Направете пире од неколку свежи јагоди. Потоа додадете лажица павлака и мало лажиче масло од гроздови семки. Во друг сад добро измешајте жолчка од јајце и додадете го во смесата. Маската се нанесува на чисто лице, на вратот и деколтето и се остава да делува половина час. Маската се измива со благ раствор од зелен чај. Се препорачува употреба 2 пати седмично во текот на неколку месеци односно додека трае сезоната на јагодите.

Напиши коментар