Убавина

Освежете ја својата коса со цитрусова маска

Натрупувањето и прекумерната употреба на различни продукти за коса, како и термичката и хемиска обработка се главниот виновник за безживотната состојба во која се наоѓа. Вратете и го сјајот на својата коса со оваа неверојатно добра цитрусова маска. Маската ќе и ја врати изгубената влажност на косата и ќе го направи влакното многу поотпорно на надворешните влијанија и секојдневното третирање. Потребен ви е свежо исцеден сок од половина лимон и половина портокал. На ова додадете две лажици маслиново масло за светла или пак оревово масло за темна коса како и содржината од една кесичка зелен чај. Откако добро ќе ги измешате сите компоненти, загрејте ја маската нешто повеќе од телесната температура и нанесете ја по целата должина на косата. После нанесувањето покријте ја главата најпрво со капа и потоа со крпа и оставете маската да делува околу 30 минути.

Напиши коментар