Здраво тело

Освежителната лубеница

Едно е сигурно летото и лубеницата се неразделни поими. Лубениците можеме да ги најдеме во сите делови на светот. Иако лубениците кај нас можат да се најдат во текот на целата година, сепак летото е сезоната во која тие се најслатки и со најдобар квалитет. Ниедно друго овошје не може да ја изгасне нашата жед така како што може лубеницата.

Освен тоа што е добра за освежување лубеницата поседува и многу здравствени квалитети како:

1.    Лубеницата е одличен извор на витаминот Ц, како и многу добар извор на витаминот А.

2.     Убавата црвена лубеница е исто така извор на каротен,  и на моќниот антиоксидант по име ликопен.  Овие антиоксиданси патуваат по целото тело и ги неутрализираат слободните радикали.  Слободните радикали се материи во нашето тело кои што можат да ни нанесат многу штета . Тие се во состојба да го оксидираат холестролот што може да доведе до срцеви и мозочни удари.  Ликопренот кој на лубеницата и ја дава атрактивната црвена боја , може да погоне во смалување на ризикот од рак на простата.

3.    Лубеницата содржи повеќе концентрација на ликопен од било кое друго овошје или зеленчук .

4.    Лубеницата е овошје богато со електролити на натриум и калиум кои највеќе ги губиме преку потењето.

5,   Лубеницата е богата со Б витамините коишто се неопходни за призводство на енергија. Експертите за исхрана ја препоручуваат лубеницата како многу добар извор на витаминот Б6 , како и добар извор на витаминот Б1 и магнезиумот. Поради големата концентрација на вода, ( околу 90% ) и ниска калорична вредност , лубеницата е совршено овошје за нас.

6.    Лубеницата има посебен ефект на ладње, и е особено богата со цитрулин, амино киселина која нашето тело ја користи за да направи уште една аминокиселина аргинин која се користи при отстранувањето на амоњакот од нашето тело преку уринарниот тракт.

7.  Антиоксидансите ја олеснуваат астмата. Тие исто така го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, астмата, болестите на срцето, реуматоидниот артриитс и ракот на простата.

8.  Лубеницата е добар извор на тиамин , калиум и магнезиум , кои го штитат нашето тело однајразлични болести.

9.  Лубеницата не содржи маснотии а сепак помага во производство на енергија. Таа штити од појава на макуларна дегенерација.

Кога летната жега ќе ве замори и кога сте нон стоп жедни, лубеницата е сигурна алтернатива за земањето енергетски пијалоци.

Бидејќи содржи висока концентрација на вода ви обезбедува хидратација, додека останатите пијалоци полни со кофеини можат лесно да ве дехидрираат.

Ништо не може да биде подобро на летните жеги  од парче свежа и сочна лубеница, зарем не?

Напиши коментар