Потребни состојки:
– 2 тортиљи
– 200 гр пилешка шунка
– 4 листа зелена салата
– 100 гр кашкавал
– 2-3 лажици павлака
– 1 поголем морков
– сезонски зеленчук по желба
Подготовка:
Изрендајте го кашкавалот и измешајте го со павлаката. Премачкајте ја тортиљата. Одозгора ставете ја исецканата шунка, морковот и листовите зелена салата. Може да ставите и исецкан домат, малку пченка и маслинки.
