Мојата кујна

Освежителни, лесни тортиљи

Потребни состојки:

–      2 тортиљи

–      200 гр пилешка шунка

–      4 листа зелена салата

–      100 гр кашкавал

–      2-3 лажици павлака

–      1 поголем морков

–      сезонски зеленчук по желба

Подготовка:

Изрендајте го кашкавалот и измешајте го со павлаката. Премачкајте ја тортиљата. Одозгора ставете ја исецканата шунка, морковот и листовите зелена салата. Може да ставите и исецкан домат, малку пченка и маслинки.

Напиши коментар