Art & Crafts

Освојте го секого за само 3 минути

Бидејќи Вие тоа го можете !

Сигурно знаете дека првиот впечаток е најважен, а најновите истражувања тоа го потврдуваат.

Всушност, првите три минути откриваат дали ќе имаме површен или близок однос со некого.  Првиот впечаток има многу поголема тежина од сето она што ќе биде кажано подоцна. Значи ако уште на самиот почеток се покажете како љубезни, понатаму нема да бидат толку воочливи вашите помалку добри страни. Супер, зар не ?

Еве како најдобро да ги искористите тие 180 секунди:

Личноста која Ве интервјуира за работа

Кажете и го следново:  „Се гледа дека сте студирале надвор од нашата држава. Што Ве доведе во нашиов град “? – бидејќи луѓето сакаат да зборуваат за себе, а прашањата од минатото, дополнително ќе ја расположат.

Сторете го следново: Први пружете рака при запознавањето. Тоа ќе покаже поголема сигурност и опуштеност кај Вас и дека сте свесни за принципите на работната етика и дека знаете добро да постапувате со клиенти.

Нељубезна продавачка

Кажете го следново: „Како сте денес“? –  бидејќи не мора да бидете љубезни спрема некој кој истото не го заслужува, а со тоа што прашувате како е покажувате интерес ( и да не е така). Со тој гест таа ќе го промени нељубезниот став.

Сторете го следново: Држете ги рацете позади. Многу истражувања покажуваат дека со вакво држење на телото станувате посимпатични, а ако рацете ви се прекрстени или потпрени на колковите, упатувате порака на лути и нетрпеливи.

Мајката на Вашето момче

Кажете и го следново: „ Многу ми е мило што се запознавме. Ви благодарам што се одгледале толку прекрасен човек“- бидејќи ако дадете комплимент за фантастичното родителство, ќе покажете дека ја почитувате и го почитувате нејзиното место во неговиот живот. Ќе почувствувате позитивни вибрации.

Сторете го следново:  Облечете се малку поконзервативно,а рацете нека ви паѓаат слободно. Автоматски, кога ќе види дека сте облечени слично, ќе стекне мислење дека делите ист вкус и за останати прашања. Така ќе бидете и посимпатични, а со опуштени движења на рацете ќе покажете дека не претставувате закана и сте отворена личност.


Напиши коментар