Lady Gaga била приморана да го откаже концертот во Џакарта откако конзервативните верски водачи во Индонезија ги оцениле нејзините концерти како премоногу провокативни.
Пејачката дефинитивно има огромен број фанови и во главниот град на Индонезија. За тоа сведочи и распродадениот концерт кој требаше да се одржи на 3-ти Јуни на стадионот „Gelora Bung Karno“ со капацитет од 52.000 луѓе.
Сепак, верските лидери од Индонезија стравуваат дека Gaga со својот „вулгарен“ стил и секси настапи може да има негативно влијание врз младината во оваа земја.
Гласноговорникот на државната полиција изјавил дека дозволата за настапот е одбиена од причина што се сомневаат дека пејачката може да им гарантира сигурност за време на одржувањето на концертот. Дефинитивно, во оваа земја, верските лидери имаат огромно влијание, а се заканиле дека можна е и употреба на физичка сила ако концертот не биде откажан.