Art & Crafts

Откријте дали сте зависник од Facebook !!!!

Нервозни сте?

Ве интересира бројот на коментари на Вашиот статус или слика, или потенцијалните побарувања за пријател?

Можно е да сте Facebook зависник!!!???

Научниците тврдат дека потполно возможно да развиете зависност од Facebook. Многу се оправдуваат дека Facebook го користат поради разонода или „тепање“ на време…

Но еден мал тест ќе Ви докаже дали е тоа така!!!

На секое од подолу напишаните тврдења можете да одговарате со:

1. Многу ретко

2. Ретко

3. Понекогаш

4. Многу често

5. Постојано

БИДИТЕ ИСКРEНИ КОН СЕБЕ !!!

Следуваат прашањата:

1. често и кога не сте дома помисливате на тоа што се случува на Facebook (независно дали е активноста која ја имате или играње игри )

2. Чувствувате потреба да го користите Facebook се повеќе и повеќе.

3. Користите Facebook за да заборавите на приватните проблеми.

4. Пробавте да се оттргнете од Facebook но не Ви успеа.

5. Штом некој Ви спомне дека многу време сте на Facebook, Вие станувате нервозни и негирате.

6. Користењето на Facebook ги намалува Вашите секојдневни обврски

Доколку на четири од претходниве тврдења имате одоговори од типот често или постојано, тогаш дефинитивно сте навлечени на „дрогата“ наречена Facebook…

…Секако доколку им верувате на експертите кои го создадоа овој тест.

Подразмислете!!!

Напиши коментар