Здраво тело

Отрови во маскарата, пудрата и сенката за очи !!!

За оловото кое го содржат кармините, доста се пишува, но текот на производството во кој тешките хемикалии и метали се ставаат во шминката…за жал…не престанува кај карминот…

Оловото, кадмиумот, арсенот, како и некои други токсини, се пронајдени во бројните козметички производи.

Отровните елементи не можат да бидат видени на листата на состојки, но нивото на арсен, олово кои се пронајдени при испитувањата…навистина загрижуваат !

Оловото во карминот, арсенот во сенките за очи и кадмиумот во маскарата… се скриени состојки за кои козметичката индустрија молчи !!!

Нивното присуство, производителите го толкуваат како „нечистотии“ кои не се внесени со намера, туку можат да се појават во текот на производството. Според „ eMaxHealth“, сенката за очи и пудрата во стик содржат кадмиум, пудрата во прав и руменилата- никел, берилиумот се наоѓа во некои видови бронзери, сенките за очи и маскарите, а во течната пудра може да се најде арсен.

Зошто тоа е опасно?

Истражувачи од Онтарио, ги анализирале производите барајќи арсен, кадмиум, жива, олово, берилиум, никел, селен и талиум, а последните четири елементи, се забранети како состојки во козметичките производи во Канада.

На здравствениот портал, е објавено дека се пронајдени сите токсини, освен жива и дека некои од производите содржат и по четири отрови. Делувањето на овие токсини, која кожата не може да ги апсорбира, загрижуваат, бидејќи можат да предизвикаат нерамнотежа на хормоните, невролошки проблеми, губење на меморијата, промени во расположението, проблеми со плодноста, проблеми со бубрезите, главоболки, мачнини, пролив, оштетување на белите дробови, дерматитис и губиток на коса.

Должни сме да Ве информираме ! Претпазливо !

Напиши коментар