Убавина

Отстранете ги дамките од сонцето

Под директна изложеност на сонцето, кај некои луѓе кои имаат проблематична кожа доаѓа до појава на дамки. Овие дамки остануваат како белег на кожата. За да се не прошируваат дополнително, потребно е постојано да се мачкате со заштитен фактор бред да излезете на сонце.

Друг начин на кој може да си помогнете, поточно да ги избледите дамките од сонцето на вашата кожа е да подготвите домашен тоник.

Еден врзоп магдонос прелијте го со половина литар врела вода. Оставете го да отстои 12 часа, а потоа процедете. Натопете памукче со овој тоник и неколку пати во денот премачкувајте ги потемнетите делови од кожата.

Подгответе маска која ги отстранува дамите од кожата

Исецкајте магдонос, ставете две лажици мед и неколку капки лимонов сок. Оваа маска ставете ја на критичните делови и оставете нека делува 20 мин. Потоа измијте се. Правете ја оваа маска барем два пати во неделата.

Напиши коментар