ШоуБиз

Ова е новиот дечко на Rihanna!?

Новиот дечко на пејачката од Барбадос е играчот на тимот „New York Knick“ – JR Smith.

Романсата со убавецот со кој заедно го сними спотот за песната „We Found Love“ очигледно не траеше многу долго, бидејќи Rihanna (24) сега си има нов дечко. Се работи за врска која е во зародиш.

Пејачката и кошаркарот биле забележани заедно во еден ноќен клуб во Мајами, а наредниот ден биле повторно заедно.

Smith (26) важи за лош дечко во светот на кошарката од причина што неодамна доби казна од NBA за поставување голи жени со танга на неговиот Твитер профил. Фотките биле направени за време на „сеансите“ во неговата спална соба. Исто така, минатата недела бил уапсен поради возење без возачка дозвола, но набрзо бил ослободен со кауција.

Напиши коментар