Трендовите и предлозите за оваа пролет, ги има насекаде. Одлучивме да направиме селкеција и да се фокусираме на модата со потенцирање на 3 пролетни трендови кои секако ќе ве воведат во забавата. Овие три ексклузивитети ќе направат пресек што стои на врвот на трендовите за оваа пролет.
Плисирана долга сукња
Ако не сте опуштени во макси фустаните или мислите дека се премногу за вас, запознај се со твојата најдобра: макси набор сукња. Предностите на овие модели се неограничени бидејки е едноставна за носење и ја изразува силуетата. Да направите рамнотежа помеѓу макси сукњата и вашето торзо, направете висок струк, или поставете на куковите со изразен шлиц. Прославете ја пролетта така што ќе изберете посветли бои. Но ако се плашите дека ќе изгледате озбилни или повозрасни, изберете неутрални бои.

Светли сакоа
Машката кошула, или машкото сако, не е најновиот тренди стил по кој девојките лудуваат, но ако се спои со малку розева или нежна сина боја дефитивно е супер варијанта. Голема придобивка на сакоата е што можат да се комбинираат врз блузите или кошулите без да ви прават килограми плус во изгледот. Овие модели ја прават елегантната колекција, посебно за деловните комбинации. Ова се урбани аутфити кој може во малопродажбата да се најдат по сосема достапни цени . Овие сакоа можат да се најдат во повеќе светли и свежи нијанси.

Безвременски изглед на чипканите фустани
Фустанот или блузата со дупчиња или чипка е модерниот тренд на кој се враќа јачината на класичниот стил. Ова се прекрасни начини да бидете заводливи, да ја покажете вашата кожа и истовремено да бидете отмени.
