Мода

Оваа сезона уживајте во нараквиците

Оваа сезона сé се врти околу нараквиците. Стилистите препорачуваат носење на што повеќе нараквици во најразлични дезени, облици, материјали, па дури и стилови! Така, овој факт многумина го разбираат како да мораат да ги стават сите алки кои ги имаат, па затоа треба да се внимава да не се претера. Еве неколку совети за тоа како се носат нараквиците.

Стилистите препорачуваат најпрво да ставите неколку потенки и метални алки, а потоа се редат различни алки од бисери а најпосле на самата дланка да се стават крупни и дебели алки.

Часовниците се дефинитивно, детал кој можете да го вклопите со многу алки, без разлика на тоа дали носите крупни часовници со подебел ремен или тенки женски часовници. Ваквите комбинации посебно се погодни за деловниот стајлинг, кога би било невкусно да се претера со накитот.

Најдобро е часовникот да го позиционирате во средина, помеѓу нараквиците, кои треба да бидат од материјал од кој е направен часовникот(кожа и метал).

Доколку не сакате да ги претрупате рацете со различни нараквици, добра основа за комбинација може да ви биде истородната боја на алки. Почнете со неколку алки во иста нијанса, на кои потоа можете да додавате други алки со сродни бои.

Доколку ви се чини дека другата рака изгледа празно и на неа можете да и додадете нараквици, но внимавајте, накитот на двете раце, да ви биде сличен , за да не делувате премногу нападно.

Исто така, кога носите многу алки на рацете не претерувајте со остатокот од накитот – се останато треба да биде сведено на минимум.

 

Напиши коментар