Убавина

Овој ден е само ваш

Искористете го овој убав ден само за себе. Посветете си внимание на себе и своето тело. За почеток направете си го вашиот омилен пијалок и започнете:

Најпрво опуштете се со една купка. Во топла вода ставете 250 гр суви цветови од роза и 250 гр сода. Легнете и одморете се во оваа купка која освен тоа што ќе го избрише уморот од вашето тело, ќе ја направи и вашата кожа свиленкасто мека.

Или пак направете купка така што во топла вода ќе ставите 1 литар млеко и 3 лажици мед кои ќе ги растопите во топла вода. Оваа купка ќе ја направи кожата мека и нежна.

Денес направете маникир, педикир, отстранете ги влакненцата… Денес нека биде ден на вашата убавина.

Напиши коментар