ШоуБиз

Овој пат Lady Gaga се облече во гума :)

По којзнае кој пат Lady Gaga повторно го привлече вниманието на јавноста откако во Бангкок се појавила облечена во гумено одело.

Гуменото одело го комбинирала со неверојатно голем и скап ѓердан, како и соодветна нараквица. Пејачката пристигнала во Тајланд, каде треба да одржи солистички концерт во склоп на светската турнеја „Born This Way Ball“. „Гумената“ Gaga била пречекана на аеродромот од неколку стотини обожаватели.

–          Ви благодарам на дочекот. Денес се навршува една година откако излезе албумот „Born This Way“. Поради тоа сум многу емотивна и горда, – напишала пејачката на својот Твитер.

Ианку, нејзината турнеја досега предизвика неколку контроверзности, најчесто поврзани со верските предрасуди.

–          Ако ме уапсат, Beyonce ќе ми плати кауција, – се нашалила Gaga.

Напиши коментар