Мојата кујна

Овошен десерт – корпи со свежо овошје

Потребни состојки:

–      половина литар млеко

–      100 гр шеќер

–      50 гр густин

–      2 стапчиња ванила

–      5 жолчки

–      овошје по желба

Подготовка:

Сварете го мелкото со ванилата и половина од количината на шеќер. Жолчките со преостанатата количина на шеќер изматете ги и додадете им густин. Вака подготвената смеса сипете ја во млекото и варете уште 3 минути.

Корпите од слатко тесто може да ги подготвите или да ги купите од маркетите. Секоја корпа наполнете ја со овој фил, па наполнете ги со филот. Одозгора наредете го овошјето. За да ја задржи убавата боја премачкајте го со растопен желатин.

Напиши коментар