Потребни состојки:
– 400 гр боровинки
– 250 мл кисела павлака
– 150 гр несолено, младо сирење
– 50 гр шеќер
– ванила
– 250 мл слатка павлака

Подготовка:
Испасирајте 300 гр од боровинките, а потоа засладете ги. Измешајте ги со сирењето и распоредете ги во четири чаши. Одозгора ставете кисела павлака измешана со хопла и ванила. Повторете ја постапката уште еднаш. На крајот украсете со изматена слатка павлака и неколку свежи боровинки.
