Мојата кујна

Овошен ролат

Потребни состојки:

–      3 големи јајца

–      115 гр шеќер

–      115 гр брашно

–      1 лажица млака вода

За овошниот фил:

–      150 мл хопла

–      75 гр грчки јогурт

–      125 гр јагоди

–      1 зрела праска

За декорација:

–      шлаг

–      неколку парчиња јагоди

–      шеќер во прав

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер во густа бледа смеса. Додадете го брашното и водата и убаво измешајте со дрвена лажица. Сипете ја смесата во плех за печење на кој претходно ставивте хартија за печење. Печете 10 до 12 минути. Откако ќе се испече тестото отстранете ја хартијата и отсечете ги рабовите со нож. Оставете го тестото да се излади, а за тоа време подгответе го филот. Изматете ги хоплата, јогуртот и додадете го исецканото овошје. Премачкајте ја изладената кора и свиткајте ја во ролат. Одозгора посипете со шеќер воправ. Исечете го ролатот на парчиња и декорирајте го со шлаг и цели јагоди.

Уживајте!

Напиши коментар