Мојата кујна

Овошен тирамису

Потребни состојки:

–      400 гр крем сирење

–      200 гр шеќер

–      3 јајца

–      3 праски

–      250 гр јагоди

–      250 гр капини

–      250 гр боровинки

–      сок од еден портокал

–      2 лажици водка

–      300 гр пишкоти

–      2 лажици бадеми исечени на тенки листови

Подготовка:

Измијте го овошјето и од него направете незасладена салата. Во неа ставете го сокот од портокал и 80 гр шеќер. Убаво измешајте и ставете нека отстои половина час.

Исцедете го овошјето  и прелијте го со водка, а сочувајте го сокот од него. Одвојте ги белките од жолчките. Жолчките изматете ги со 100 гр шеќер. Белките изматете ги со остатокот од шеќерот, додавајќи го постепено.

Крем сирот измешајте го во смесата од жолчките, па во таа смеса постепено измешајте ги и белките.

Пишкотите потопете ги во сокот од овошјето па наредете ги во правоаголен плех. Одозгора ставете го овошјето, а потоа кремот кој го подготвивте. На крајот посипете ги листовите од бадем. Оставете ја смесата во фрижидер најмалку два часа пред сервирањето.

Напиши коментар