Убавина

Овошјето и зеленчукот – најхрабрите борци против целулитот

Вистинскиот избор на намирници може да Ви помогне да го спречите настанувањето на целулитот или да ја намалите „лузните“ кои ги предизвикува. Пред Вас е попис на намирници кои ќе Ви помогнат на вистински, пред се здрав начин во борбата против најголемиот проблем на секоја жена кога станува збор за убавината.

Најдобрата комбинација против „грдиот“ целулит е здрава храна, многу…многу вода и масажа на критичните делови.

Агруми

Познато е дека витаминот Ц го поттикнува настанувањето на калогенот, ензим кој дава еластичност на кожата.  Портокалите, лимонот и грејпфрутот се изборот на намирници кои барем еднаш дневно треба да се најдат на Вашето мени.

Целер

Целерот е супер намирница кога е во прашање процесот на слабеење и борбата против целулитот. Помага при елиминација на маснотиите во организмот, го намалува апетити, го забрзува метаболизмот а со самото тоа и го отстранува целулитот.

Тропско овошје

Егзотичното овошје, бананата, ананасот, папајата или мангото се богати со витамини и растителни влакна а со самото тоа има голема улога во борбата против целулитот. Состојката Папин која ја содржи папајата ја прави кожата мазна и еластична и е еден од најдобрите ензими кои ја поттикнуваат  циркулација и го забрзуваат метаболизмот.

Лук и праз

Лукот и празот го спречуваат собирањето вода под површината на кожата со истовремено елиминирање на токсините во телото. Лукот е вистински благодат на природата кога станува збор за борбата против досадниот целулит… единствено голем проблем е незгодниот мирис, затоа многу жени го избегнуваат. Доколку сте од оние кои имаат проблем со целулитот но и со незгодниот мирис на лукот, пробајте, има милион мали трикови да го елиминирате незгодниот мирис со истовремено елиминирање на целулитот.

Јагодесто овошје

Јагодестото овошје содржи многу флавоноиди едни од најмоќните антиоксиданти кои му помагаат на Вашиот организам во елиминација на токсините кои се собираат под површината на кожата. Не заборавајте во исхраната да ги вметнете јагодите, брусницата, малини, боровница и кивата.

Напиши коментар