Мојата кујна

Овошни корпи

Потребни состојки за корпите:

–      250 гр брашно

–      лажичка пециво

–      100 гр мелени бадеми

–      150 гр путер

–      100 гр шеќер

–      малку сол

–      1 жолчка

Потребни состојки за кремот:

–      4 жолчки

–      4 лажици шеќер

–      50 гр путер

–      лажица млеко

–      50 мл слатка павлака

–      150 гр бела чоколада

–      кесичка ванилин шеќер

За декорација:

–      150 гр боровинки

–      50 гр шеќер

Подготовка:

Од брашното, прашокот за пециво, мелените бадеми, путер, жолчки, шеќер и сол замесете тесто. Оставете го да отстои еден час во фрижидер. Со тестото наполнете ги подмачканите калапи, оставајќи длабнатина во средината. Печете на умерена температура околу 15 минути. Извадете ги корпите од калапите додека се топли.

За филот: изматете ги жолчките на пареа, шеќерот, ванилата, путерот и млекото. Во изедначената смеса додадете изрендана бела чоколада и убаво измешајте за да се растопи. Трнете го садот од оган и соединете со изматената слатка павлака. Со овој крем пополнете ги корпите. Сварте мала количина на вода со шеќерот и боровинките. Со овој прелив прелијте ги корпите кога ќе се излади.

Напиши коментар