Убавина

Овошни маски за лице

Козметичките компании во своите препарати ставаат киселини, витамини и ензими од овошје, а покрај тоа, вклучуваат и голем број синтетички материјали кои би можеле да бидат штетни за Вашата кожа. Свежите состојки се најефикасен лек кој може да го овозможите на Вашата кожа. Ќе бидете запрепастени, како нешто толку едноставно, како што е тапкањето свеж сок од лимон на лицето, може да ја омекне кожата и да ја направи свиленкаста. Исто така, хранливите состојки од овошјето имаат одличен подмладувачки фактор. Направете некои од следниве овошни маски за лице без трошење време и пари…

Маска од јаболко

Состојки:

Јаболко сечено на четвртини

Две лажички мед

½ лажичка жалфија

Подготовка:

Сечете го јаболкото на четвртина и испасирајте го. Додајте мед и жалфија и истата смеса, оставете ја во фрижедер 10 минути. После тоа, лесно нанесете ја маската, додека медот уште е леплив. Оставете ја да стои 30 минути на Вашето лице, потоа измијте ја со ладна вода.

Маска од банана

Состојки:

1 банана

1 лажичка мед

2 лажички јогурт

Подготовка:

Измешајте ја бананата со мед и јогурт, потоа смесата нанесете ја на лице. Оставете ја маската додека потполно не се исуши и додека Вашата кожа не ги впие сите состојки. На крај, измијте го лицето со ладна вода за да ги видите резултатите…

Напиши коментар