Убавина

Овошни маски за лице

Козметичките компании при производството на препаратите за убавина користат и одредена доза на хемикалии, кои секако оставаат трага на кожата. Затоа обидете се да си направите самите дома, кои ќе бидат 100% природни.

Маска од јаболки

–      една јаболка

–      две лажици мед

–      половина лажичка жалфија

Подготовка:

Изблендирајте ја јаболката. Во неа додајте го медот и жалфијата и оставете ја сместа во фрижидер да стои 10 минути. По ова смесата ќе биде уште полеплива. Нанесете ја на лицето и оставете ја половина час. Потоа измијте се со ладна вода.

Маска од грозје

–      една шолја бело грозје

–      една лажица мед

–      една жолчка

Оваа маска е богата со антиоксиданси, одлично ја чисти кожата, а воедно ја храни со потребните минерали и витамини. Грозјето е познато и како голем борец против стареењето.

Маска од лимон

–      4 лажици брашно

–      4 лажици јогурт

–      една лажица сок од лимон

Измешајте ги состојките и нанесте ја маската на лицето. Оставете нека делува 15 минути, а потоа измијте се со млака вода. Ќе забележите дека кожата е значително помека.

Напиши коментар